Границите на Нов Зеланд од денеска се целосно отворени за посетители од целиот свет, првпат од март 2020 година поради пандемијата со Ковид-19.

Целосниот процес на повторно отворање заврши во неделата на полноќ по локално време, кога на посетителите на кои им беше потребна виза, како и на странските студенти, им беше дозволено да се вратат во Нов Зеланд.

Сепак, повеќето патници кои доаѓаат во Нов Зеланд мора да бидат вакцинирани против Ковид и да бидат двојно негативни на тестот пред пристигнувањето, но сепак, веќе нема карантин.