Новозеландските здравствени власти пријавија 20 нови случаи на локално пренесена коронаинфекција во понеделникот, со што жариштето на заразата идентификувано во Окленд сега има вкупно 821 случаи.
Во земјата беше воведен строг карантин само неколку часа откако беше откриен еден случај на локално пренесена зараза на 18-ти август, кога беа затворени сите училишта и фирмите чијашто дејност не е неопходна. Денеска премиерката Ардерн порача дека од среда ќе бидат ублажени ограничувањата за поголемиот дел од земјата, како и дека тоа е „доказ за тешката работа на сите нас“.
Меѓутоа во Нов Зеланд и натаму мора да се почитуваат правилата, како што е задолжителното носење маски во затворени простори и ограничување на собирите на 50 лица во затворени и до 100 лица на отворени простори.
Делтата ги промени правилата на играта, па доколку сакаме да ја поразиме и ние мора да го промениме планот за игра. Работевме добро за да ја ставиме епидемијата под контрола… на повидокџ е елиминација, но не смееме да ја испуштиме топката – изјави Ардерн со спортски термин зборувајќи за справувањето со позаразната варијанта на коронавирусот.
Регионот на Окленд, жариштето на избувнувањето на новите зарази, ќе остане во строг карантин, а огрничувањата во градот ќе бидат разгледувани на 13-ти септември.
Стануваше збор за првото „затворање“ на национално ниво на Нов Зеланд од март 2020 година, кога целата земја шест седмици беше на највисокото ниво епидемиолошки ограничувања.
Замјата со вкупна популација од пет милиони жители, од почетокот на пандемијата пријави 3.400 случаи на Covid-19 и 27 смртни исходи.