Судот во Нов Зеланд денеска ја прогласи администрацијата на островот Вајт за виновна за кршење на законските и безбедносните прописи, каде 22 лица, главно туристи, загинаа во вулканска ерупција пред четири години.
Со островот во име на сопственикот стопанисува фирмата „Вакари менаџмент“, која не е задолжена за туристички тури, а е прогласена за виновна по едната точка од обвинението, додека другата е отфрлена.
„Вакари менаџмент“ и некои други обвинети ќе ја дознаат висината на казната следната година, а максималната казна е 873.000 американски долари, објави Ројтерс.
Од 13 обвинети компании, шест се изјаснија за виновни, меѓу кои и туроператори за возење со хеликоптери и бродови, пренесува Танјуг.