Сеизмолошката служба јави дека епицентарот бил кај Петриња и дека интензитетот во епицентарот бил од IV степен од ЕМС скалата.
Денеска, во 13.44 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска забележаа умерен потрес со епицентар кај Петриња. Магнитудата на потресот изнесуваше 3,1 степен според Рихтер, а интензитетот во епицентарот изнесува IV степени на ЕМС скалата, стои во објавата на Сеизмолошката служба.
По земјотресот што го погоди овој хрватски град, лани два дена пред Нова година, кога загина едно девојче, а имаше и бројни оштетувања на објектите, тлото не престана да се тресе, па постојано има земјотреси кои достигнуваат јачинa и на 4 степени според Рихтер.