Утре регулаторната комисија за енергетика се очекува да ги соопшти новите цени на горивата според кои ќе се продаваат дизелот и бензинот во Македонија следната седмица.

Во моментов цените на светските берзи на горивата пораснале и сега на лондонската берза нафта барел чини 86 долари.

Во моментов горивата се точат по следните цени:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар)