Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски соопшти дека жителите на општина Ѓорче Петров ќе добијат нова детска градинка во Стопански Двор со капацитет за околу 100 деца, со што ќе се олесни процедурата при запишување на дечиња во градинките, а исто така и драстично ќе се намали бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинката “Росица”.

Благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, кои од позиција на опозиција, со макотрпна работа и труд успеаа да издејствуваат прифаќање на амандманот кој го поднесоа пратениците Владо Мисајловски и Бојан Стојаноски и со тоа во Ѓорче Петров да се случи уште еден голем капитален проект, додаде Стојкоски.

Стојкоски потенцираше дека оваа преубава вест за општината, а верува и за сите жители кои живеат на територијата на општина Ѓорче Петров, само ја потврдува ангажираноста и посветеноста на Општина Ѓорче Петров во целта да ја направи општината едно модерно и убаво место за живеење, со кое сите ѓорчепетровци ќе се гордеат.

Продолжуваме со иста динамика во остварувањето на идеите за модерно и убаво Ѓорче!