Романија пријави нова епидемија на високо патоген птичји грип Х5Н1 на фарма на југот на земјата, објави денеска Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Епидемијата во градот Оинаку во близина на границата со Бугарија уби 6.770 птици, а го уништи остатокот од јатото од речиси 34.000 животни, соопшти OIE со седиште во Париз, цитирајќи информации од романските здравствени власти, пренесе Ројтерс.