Нешто повеќе од една недела од последната голема ерупција, вулканот Етна на Сицилија денеска повторно исфрла лава и пепел, оставајќи огромен облак од пепел на небото.
Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел во височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија. На снимките во живо од вулканот се гледа густ црн облак кој се движи кон југоисток.
Засега нема информации за штети или жртви, иако локалните жители објавија дека воздухот е џзагаден и дека пепел и прашина паѓаат од небото.
Блискиот аеродром во Катанија, јужно од вулканот, привремено ги прекина сите летови, објави аеродромот на Твитер.