Средбата на Еди Рама со лидерите на албанските партии во Македонија предизвика многу сомнежи за нова тирнска платформа и нови барања на албанскиот политички врв. Оваа средба доаѓа непосредно по информациите дека ДУИ има можност да остане надвор од владата.
Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.
Да се потсетиме, претходната т.н. Тиранска платформа која ја прифати владата предводена од СДСМ беше понижувачка за македонскиот народ и истата содржеше недостојни барања како: целосна јазична еднаквост и употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, создавање нова државна институција задолжена за унапредување на малцинските јазици и обука на преведувачи, уредници и лектори, финансирање на општините и министерството за политички систем и односи на заедниците, но опфаќаше и олесување на Албанците осудени во процеси како Монструм и Диво Насеље.
Овој пат постојат сериозни сомнежи за нова тиранска платформа е на повидок и прашањето е што би содржела оваа платформа и какви барање сега би имале Албанците во Македонија.
Воедно за ваквиот расплет на настаните најсилна потпора на Ахмети останува Ковачевски кој не дозволува избори слугувајќи на таквите интереси.
Инаку, на тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговара за политичката случувања во земјата, за скандалите во Македонија, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот, пишува Алмакос.