Во Живинице, во Босна и Херцеговина, маж си ја уби сопругата, а потоа се самоуби.
Како што објави Klix.ba, мажот М.А. (58) ja застрела жената Ч.Т. (52). После тоа тој се самоуби.
Полициски службеници на МВР спроведуваат истрага, а за се е известен и обвинителот на Обвинителството на кантонот Тузла.
Неодамна во Градачац, на само 60 километри од Живинице, се случи страшно злосторство, кога Нермин Сулејмановиќ ја уби сопругата Низама Хеќимовиќ и уште две лица.