Новата омикронска подваријанта ЕГ.5 или „Ерис“ е оценета како инфекција со низок ризик, но може да предизвика поголем бран на болеста.

Според здравствените власти новата варијанта на Ковид е забележана кај еден од седум случаи новозаболени во Велика Британија .

EG.5 и EG.5.1 потекнуваат на омикрон, кој за прв пат беше откриен во Јужна Африка кон крајот на 2021 година пред да стане широко распространет низ светот, пишува Sky News.

Оваа недела Светската здравствена организација (СЗО) го назначи EG.5 како „варијанта на загриженост“ откако беше пријавена во 51 земја.

Кога е откриен видот?
EG.5 првпат беше откриен на 17 февруари, но СЗО му даде статус на „варијанта под надзор“ на 19 јули по наглото зголемување на случаите, особено во Азија. Од 7 август стана „варијанта од интерес“.

Најмногу пријавени случаи сè уште се во Кина (30,6%), потоа во САД (18,4%), Јужна Кореја (14,1%) и Јапонија (11,1%).

На глобално ниво, СЗО наведува дека ЕГ.5 сочинува 17,4 отсто од инфекциите заклучно со 23 јули, што според неа е „значително зголемување“ од последниот пат кога собрала податоци на 25 јуни.

Кои се симптомите?
Според здравствената апликација ZOE, симптомите на EG.5 и EG.5.1 се слични на другите омикронски подваријанти.

Течење или затнат нос
Главоболка
Замор
Воспалено грло
Кивавица

Колку треба да бидеме загрижени?
СЗО соопшти дека врз основа на достапните докази, „ризикот по јавното здравје што го носи EG.5 е низок на глобално ниво“ и сличен на другите подваријанти на омикрон што ги видовме во изминатите две години.
Тие не открија зголемен ризик од сериозност на болеста во споредба со она што се случи изминатите години особено со светската пандемија..

„Поради неговата предност во ширењето и избегнувањето на имунитетот, EG.5 може да предизвика зголемување на инфекциите и да стане доминантен во некои земји, па дури и на глобално ниво. Во некои азиски земји каде што циркулира EG.5, има зголемување на хоспитализациите, но нема докази за поврзаност помеѓу субваријантот и каков било скок во приемите во болница, велат од Светската здравствена организација