Ѓоковиќ триумфираше во Лондон десет години по својот премиерен успех на британскиот гранслем турнир, а уште поимпресивно делува фактот дека тој го освои пехарот на третиот гранслем во 2021 година, по Австралија Опен и Ролан Гарос, и ќе има шанси следниот месец во Њујорк да испише историја како прв што во иста година триумфирал на сите четири најголеми турнири во светот на тенисот.
За Србинот оваа е шеста титула на Вимблдон, по 2011, 2014, 2015, 2018 и 2019 година.