Директни летови од Охрид до Базел предвреме ќе ја поврзат Македонија со срцето на Европа
Нискобуџетната Визер и Министерството за транспорт и врски најавија нова авиолинија Охрид – Базел. Ќе стартува на 27 октомври. Цели четири месеци порано од првично најавеното. Новата рута е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии. Билети веќе се достапни за резервација.
Авиолинија Охрид – Базел е важна врска за дијаспората и туризмот
Аеродромот во Базел, официјално именуван како “Европски аеродром”, е значајна точка на спој помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Ова го потенцираше министерот за транспорт, Александар Николоски. Оваа стратешка позиција го прави идеален избор за поврзување со Македонија, што ќе придонесе и за зголемен туристички прилив и олеснет пристап за македонската дијаспора во овие три земји.
Нови перспективи за воздушниот сообраќај
Покрај новата линија од Охрид до Базел, Николоски најави и нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, која ќе започне на 31 октомври. Во интервју за МИА, тој откри и дека се водат разговори со “Ryanair” за влез на македонскиот пазар, што би значело уште повеќе поволности за граѓаните и зголемена конкуренција меѓу авиокомпаниите.
Извор: Миа