Чарлс Трети официјално ќе биде претставен на Советот за пристапување во 10 часот утре во палатата Сент Џејмс, соопшти Бакингемската палата, што претставува прво јавно читање на Прогласот. Вториот проглас ќе биде прочитан во Лондон, на Кралската берза, утре напладне, со што тој и официјално станува крал.

Новата британска премиерка Лиз Трас попладнево пристигна во Бакингемската палата на прва средба со кралот Чарлс, објави Скај њуз.

Чарлс Трети официјално ќе биде претставен на Советот за пристапување во 10 часот утре во палатата Сент Џејмс, соопшти Бакингемската палата, што претставува прво јавно читање на Прогласот. Вториот проглас ќе биде прочитан во Лондон, на Кралската берза, утре напладне, со што тој и официјално станува крал.

Претходно денеска Кралот Чарлс Трети пристигна во Бакингемската палата, пред која го пречекаа голем број граѓани кои му изразија сочувство.

Британската влада денеска официјално го прогласи почетокот на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета Втора со „насоки за национална жалост“.

Во документот со упатства за веење знамиња, информации за патување и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе трае до крајот на денот на државниот погреб.

Освен во Лондон, луѓето ширум светот ѝ оддаваат почит на починатата кралица и положуваат цвеќе пред британските амбасади во своите држави. Знамињата на Европската Унија пред Европската комисија во Брисел се спуштија на половина копје.