Овој центар секој четврток ја ажурира најважната мапа за корона вирус во ЕУ, според која земјите членки носат мерки и ги одредуваат правилата за влез и излез од земјата, според бојата.

Бојата зависи од комбинацијата на потврдени случаи со зараза во последните 14 дена на 100.000 жители и процент на тестирана популација.

Што се однесува на овонеделната карта, може да се забележи дека Словенија и понатаму е во темноцрвена зона.

Балтичките земји, Ирска, Романија, Бугарија исто така се темноцрвени. Германија и Полска, главно се во црвено со темни делови, а епидемилошката состојба се влоши во Австрија, Чешка и во Словачка.

И соседна Грција, а и Хрватска се темноцрвени.

Во италија, ситуацијата е релативно иста, како минатата недела, но има и промени, некои делови што беа зелени, сега се жолти, а некаде и портокалови.

Шпанија и франција во поголемиот дел се во жолтата зона.