Во текот на вчерашниот ден СДСМ организираше протест под мотото „Немате оправдувања, покачете ги платите“ кој доживеа целосно фијаско. Едвај 40-ина луѓе се појавија на протестот, а дури ниту од СОНК истиот не беше поддржан.

Фијаско на протестот на СДСМ, Филипче нема поддршка од работниците, едвај 40 луѓе

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш возвратија на СДСМ. Рекоа дека во првата година од нивното владеење ќе има покачување на платата на наставниците.

Mинистерката за образование Весна Јаневска на Фејсбук посака успешен почеток на учебната година. Таа посебно нагласува дека учебници ќе има за секој ученик уште од првиот ден.

Се огласија и од ДУИ. „Успесите“ низ претходните 16 години додека тие беа на власт наизменично коалицирајќи со двете партии ги ставаат на нивно конто.

Изградивме градинки, училишта, универзитети, сали, студентски домови, базени за ученици и ги зголемивме платите за наставниците, велат од партијата.

За првпат околу 18 илјади дечиња седнаа во училишните клупи. Едносменска настава се воведува во 140 училишта. Загрижуваат бројките дека и годинава бројот на првачиња е намален за 3.500. Меѓу главните фактори се иселувањето и намалениот наталитет.