Новата влада преставува продолжение на владеењето и навиките од претходните 5 години, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ поврзан со прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

-Неспособност и криминал се зборовите со кои се опишува ова време, сега збогатено со ново задолжување од 900 милиони евра пари наменети за нова кражба. Или живот во време на национална катастрофа. Толку се неспособни што погрешно ги изброја 100те дена, што се продолжение на 5те години неспособност и криминал. ВМРО ДПМНЕ многу скоро ќе излезе со детална анализа за владеењето на оваа административна влада, истакнуваат од опозициската партија.