Денеска градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во садењето кое ќе се одвива и во текот на наредните денови.Денеска градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски изврши увид во садењето кое ќе се одвива и во текот на наредните денови.
-Новите садници кои се садат денеска повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“. Овие нискогрмушести растенија ќе се засадат долж целата улица и освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Ние ветивме дека општина Центар ќе стане зелена општина и почнуваме веднаш. Имаме зелена програма која ќе го разубави Центар со нови паркови и нови зелени површини, изјави Герасимовски.
Нискостеблестите растенија кои се садат денеска и во текот на наредните денови се од видовите Ligustruntexanum од кои ќе бидат засадени 282 садници, Pachysandra terminalis – 118 садници, Cotoneaster horizontalis – 154 садници, Јuniperushorizontalis – 71 садници, Acorusgramineus – 270 садници и Spirea japonica – 113 садници.
Грмушестите растенија ќе се садат покрај новиот дрворед од 15 јавори кои беа засадени на почетокот на минатиот месец откога претходно беа исечени старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината.
Според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата со новите садници ќе се зголеми за повеќе од 20% од пред почетокот на инфраструктурните зафати.