Во последните 24 часа се направени 6.458 тестирањe, а регистрирани се 1.166 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 375, Тетово – 159, Гостивар – 105, Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар – 12, Ресен и Пробиштип – по 11, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 8, Неготино – 6, Крушево и Македонски Брод – по 5, Делчево и Валандово – по 4, Берово и Виница – по 3, Богданци, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 232 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Гостивар – 49, Тетово – 34, Куманово – 16, Струмица – 15, Кичево – 12, Дебар – 11, Битола – 7, Штип – 6, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Велес, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Делчево и Кратово – по 1.

Пријавени се 29 починати лица: 6 починати лица од Тетово (37г,42г,57г,64г,73г, и 81г), 5 починати лица од Струга (64г,67г,70г,76г и 77г), 4 лица од Скопје (47г,55г,69г и 79г), по 3 лица од Гостивар (54г,71г и 81г), Куманово (52г,63г и 80г) и Струмица (66г,74г и 82г), по едно починато лице од Кичево (80г), Битола (57г), Велес (54г), Македонска Каменица (58г) и Пехчево (67г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.458 тестови преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–161, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 17, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-391, Биотек-439, Систина-161, лабораторија Лаор-600, Синлаб-30, Ремедика-34, Плодност–74, Генеа -15, Никоб лаб-745, ВФВ Медикал-100, Ели Медика-88, Ројал Медика –92, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.747.

Досега во земјата се направени вкупно 1.124.993 тестирање на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 171.576, бројката на оздравени пациенти е 153.148, на починати е 5.755, а бројот на активни случаи изнесува 12.673.