Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи со КОВИД-19 и 123 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едното починато во домашни услови и второто во болнички, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.

Од 127 новозаболени од Скопје се 57, Битола 24, Охрид 7 , Прилеп и Велес по 5, Струга, Берово и Валандово по 4, Кавадарци и Кичево по 3, Куманово и Струмица по 2 и Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.

Од 123 оздравени пациенти од Скопје се 68, Битола 19, Струмица 7, Кавадарци и Гостивар по 4, Велес, Штип и Струга по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија по 2 и Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница по 1.

Направени се 1.908 тестови преку: ИЈЗ-156, ЦЈЗ Скопје-76, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-34, УК Пулмологија со алергологија –3, Институт за микробиологија–111, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-52, Биотек-36, Систина-40, лабораторија Лаор-41, Синлаб-14, Ремедика-13, Плодност-17, Генеа-12, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-24, Ели Медика Плус-9, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–16, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-102 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 874.

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а на активни случаи изнесува 802.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145163, Активни 431
Куманово 16613, Активни 9
Битола 15170, Активни 126
Прилеп 14117, Активни 37
Тетово 13445, Активни 13
Кавадарци 10607, Активни 23
Велес 9747, Активни 31
Гостивар 9571, Активни 15
Охрид 8821, Активни 25
Струмица 8046, Активни 15
Штип 8002, Активни 14
Кичево 5602, Активни 7
Кочани 5070, Активни 2
Струга 4715, Активни 8
Гевгелија 4397, Активни 5
Неготино 3674, Активни 7
Ресен 2711, Активни 2
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2527, Активни 6
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 5
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1646, Активни 8
Валандово 1485, Активни 5
Виница 1386, Активни 1
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 345, Активни 0.