Во последните три дена, од 30 април до 2 мај 2022, направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 140 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица.

Како што информира Министерството за здравство, од 210 нови случаи на КОВИД-19, најмногу се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово по еден случај.
Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции.

Од 140 оздравени пациенти, во Скопје има најмногу или 73, Битола – 23, Велес – 8, Куманово, Кавадарци и Штип – по 5, Кичево – 4, Прилеп, Гостивар и Струмица – по 3, Тетово и Гевгелија – по 2, Охрид, Неготино, Кратово и Демир Капија по 1.
Во текот на изминатите три дена нема пријавено починати лица. И согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ нема пријавено починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.022.649 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починатие 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145611, Активни 283
Куманово 16632, Активни 8
Битола 15367, Активни 146
Прилеп 14150, Активни 28
Тетово 13449, Активни 8
Кавадарци 10639, Активни 22
Велес 9765, Активни 8
Гостивар 9579, Активни 6
Охрид 8844, Активни 23
Струмица 8056, Активни 8
Штип 8028, Активни 18
Кичево 5621, Активни 16
Кочани 5074, Активни 3
Струга 4716, Активни 2
Гевгелија 4401, Активни 3
Неготино 3678, Активни 3
Ресен 2719, Активни 7
Свети Николе 2626, Активни 2
Радовиш 2528, Активни 0
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1975, Активни 5
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1659, Активни 16
Валандово 1485, Активни 0
Виница 1391, Активни 3
Пробиштип 1266, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 965, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 830, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 346, Активни 0