Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.225 тестови, а регистрирани се 262 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 326 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 262 случаи од Скопје се 138, Битола – 25, Кавадарци – 17, Охрид – 15, , Прилеп – 11, Куманово – 8, Делчево – 6, Тетово и Кичево – по 5, Велес, Струмица, Штип и Гевгелија – по 4,Кочани – 3, Гостивар, Ресен, Валандово и Крушево – по 2,Сруга, Неготино, Свети Николе Радовиш и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (262), регистрирани се 39 реинфекции.

Регистрирани сe 326 оздравени пациенти од: Скопје – 188, , Битола – 26, Прилеп – 16, Кавадарци и Охрид – по 15, Велес – 13, Куманово – 12, Кочани – 9, Струмица – 7, Делчево – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Берово – 3, Ресен, Валандово, Крушево, Неготино, Кратово и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (87г), во болнички услови. Кај починатото лице (1) е регистриран коморбидитет.

Досега во земјата се направени вкупно 1.962.489 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.979, бројот на оздравени пациенти е 294.988, на починати е 9.221, а на активни случаи изнесува 1.770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 143506, Активни 960
Куманово 16552, Активни 43
Битола 14801, Активни 166
Прилеп 13992, Активни 98
Тетово 13418, Активни 44
Кавадарци 10489, Активни 82
Велес 9682, Активни 34
Гостивар 9531, Активни 17
Охрид 8731, Активни 72
Струмица 7996, Активни 16
Штип 7970, Активни 17
Кичево 5561, Активни 41
Кочани 5049, Активни 20
Струга 4695, Активни 15
Гевгелија 4365, Активни 15
Неготино 3658, Активни 13
Ресен 2676, Активни 14
Свети Николе 2615, Активни 3
Радовиш 2515, Активни 12
Крива Паланка 2405, Активни 2
Делчево 1947, Активни 31
Дебар 1670, Активни 12
Берово 1637, Активни 3
Валандово 1476, Активни 4
Виница 1379, Активни 8
Пробиштип 1263, Активни 5
Богданци 1019, Активни 7
Кратово 960, Активни 2
Крушево 922, Активни 9
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 586, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 485, Активни 0
Дојран 343, Активни 1