Регистрирани се нови 28 случаи на КОВИД-19 од направени 278 тестирања, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Оздравени се 39 пациенти и не се пријавени починати лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје, 24, во Велес – 2 и во Куманово и во Гевгелија по еден случај. Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се седум реинфекции.

Од оздравените пациенти во Скопје се 22, во Прилеп – 5, Куманово – 4, Битола – 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.

Направени се 278 тестови: ИЈЗ-58, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-0, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-0, Биотек-4, Систина-1, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-6, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 144.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      161830, Активни   221
Куманово    18233, Активни    11
Битола      17956, Активни    14
Прилеп      15507, Активни    8
Тетово      14472, Активни    2
Кавадарци   12087, Активни    3
Велес 10807, Активни    9
Охрид 10315, Активни    8
Гостивар    10275, Активни    0
Струмица    8781, Активни     2
Штип  8761, Активни     6
Кичево      6075, Активни     1
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5172, Активни     1
Гевгелија   4882, Активни     1
Неготино    4146, Активни     2
Ресен 3031, Активни     2
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе      2795, Активни     1
Крива Паланка     2660, Активни     0
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1875, Активни     1
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1131, Активни     3
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1038, Активни     1
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   800, Активни      2
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица     534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0