Уште 37 лица акредитирани за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг се позитивни на тестирањата за коронавирусот, објавија денеска организаторите, додавајќи оти меѓу нив има 12 спортисти или членови на олимписките тимови.
Во официјалното соопштение се прецизира дека 28 позитивни резултати на Ковид-19 се регистрирани при тестирања на 1.252 лица по пристигнувањето на аеродромот во Пекинг, додека девет нови случаи се откриени во олимпискиот балон.
Вкупниот број на позитивни тестови од 23 јануари изнесува 176, од кои 51 случаи се поврзани со спортисти или членови на олимписките делегации.
Зимските олимписки игри свечено ќе бидат отворени на 4 февруари, а тричлениот македонски состав го сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.