Министерството за здравство вечерва информираше дека од вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Скопје, регистрирани се 194 случаи, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26,Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19, Тетово – 13 и т.н. Истовремено и бројот на оздравени е најголем во Скопје – 124, потоа следат Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14,Охрид – 13,Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга,Свети Николе и Кратово – по 3, Битола – 2, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.