Во изминатите 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од направени 657 тестирања. Во истиот временски период се регистрирани 36 оздравени лица, а не е регистрирано ниту едно починато лице.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје 39, Битола 4, Прилеп 3, Куманово и Велес по 2 и Тетово, Штип и Неготино по 1.
Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Регистрирани се и 36 оздравени пациенти од кои од Скопје 25, Куманово 4, Прилеп 2 и Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Направени се 657 тестови: ИЈЗ-88, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-34, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-55, Жан Митрев (Филип Втори)-6, Авицена-11, Биотек-15, Систина-6, лабораторија Лаор-2, Синлаб-1, Ремедика-6, Плодност-2, Никоб Лаб-11, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Рамус-8, ПЗУ ГМ Лаб-0 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 335.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161869, Активни 235
Куманово 18235, Активни 9
Битола 17960, Активни 7
Прилеп 15510, Активни 9
Тетово 14473, Активни 3
Кавадарци 12087, Активни 3
Велес 10809, Активни 10
Охрид 10315, Активни 8
Гостивар 10275, Активни 0
Струмица 8781, Активни 1
Штип 8762, Активни 7
Кичево 6075, Активни 1
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5172, Активни 1
Гевгелија 4882, Активни 1
Неготино 4147, Активни 3
Ресен 3031, Активни 2
Радовиш 2836, Активни 1
Свети Николе 2795, Активни 0
Крива Паланка 2660, Активни 0
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1875, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1478, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1131, Активни 2
Богданци 1101, Активни 0
Крушево 1038, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 2
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
Вкупно 343515, Активни 317
Досега во земјата се направени вкупно 2.175.576 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.515, бројот на оздравени пациенти е 333.647, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 317.