Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани 79 нови пациенти поради компликации, или вкупно 675 лица кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.