Меѓу обвинетите е и кардиналот Анџело Бечиу, поранешни шефови на заедницата за финансиско разузнавање во Ватикан и двајца италијански брокери вклучени во набавката на зграда во луксузен дел од Лондон за потребите на Ватикан .

Бечиу, кого минатата година папата Франциск го отпушти од функцијата, за време на двегодишна истрага тврдеше дека е невин. Тој стана највисок функционер на црквата во Ватикан обвинет за наводни финансиски злосторства.

Италијанските брокери ја негираат вината.

Според црковните закони, папата лично ја одобри одлуката на судијата да го испита и обвини Бечиу. Обвиненијата против него вклучуваат проневера и злоупотреба на службената положба. Италијанка која работела за Бечиу, исто така, е обвинета за проневера на пари.

Италијанските брокери Џанлуиџи Торзи и Рафаеле Минчионе се обвинети за проневера, измама и перење пари. Торзи, за кого беше распишана потерница во април, исто така е обвинет за изнуда. И двајцата ја негираат својата вина

Обвинети се и четири компании поврзани со обвинетите, две од Швајцарија и по една од САД и Словенија.

Судењето треба да почне на 27 јули во Ватикан, се наведува ели во соопштението.