Американското Министерство за финансии воведе санкции за повеќе од 100 поединци и компании за поддршка на руската инвазија на Украина, пренесува Aljazeera.
Меѓу санкционираните е и фирмата „МЦИ Трејдинг“ со седиште во Белград, како и нејзиниот сопственик Иван Цветиќ. Неговата компанија, според американското Министерство за финансии, и помогнала на руската компанија АК Микротек да набави високотехнолошка опрема наменета за руската одбранбена индустрија од производители во Азија, Европа и Блискиот Исток.
Од почетокот на руската инвазија, MCI Trading испрати десетици пратки до руската компанија, фирма која користи неруски посредници за да ги скрие руските примачи. Еден од тие посредници е фирмата на Цветиќ.
Ивица Пуљиќ има повеќе детали.