Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои ќе се применуваат од вечерва на полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 82,50 денари/литар.на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 84,50 денари/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит. ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава 73,50 денари/литар, а Екстра лесното масло за домаќинствоќе 73,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,176 ден/кг и ќе изнесува 42,453 денари/килограм.