Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на одлуката од 14.03.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 денари/литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува
59,299 ден/кг.
Од 16.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 59,299 (денари/килограм).
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај дизелот за 4,255%, кај екстра лесното масло за 4,169% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 2,999%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период е понизок за 0,111%.
-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од РКЕ.