Согласно одлуката, од полноќ цената на бензините ќе биде повисока за 0,50 денари. Цената на дизелот не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.07.2021
Од 13.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,887%, кај дизелот има намалување за 0,292%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,118% и кај мазутот намалувањето е за 0,579%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,495 %.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.7.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.