Утринава во неколку училишта во скопската општина Центар повторно има дојави за поставени експлозивни направи. Дојави стигнале во основите училишта „Коле Неделковски“, „Гоце Делчев“, „Јохан Хајнрих Песталоци“. Овојпат заканувачките пораки пристигнале уште пред почетокот на часовите во првата смена.
Родителите кои штотуку ги оставиле децата во училиште, веќе се на пат да си ги земат. Засега нема најави дали наставата ќе продолжи од далечина.
Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.