Собранието денеска ја почна 112. седница, на која треба да бидат разрешени и избрани повеќе нови членови на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски го образложува предлогот за владината реконструкција.
Мицкоски за реконструкцијата на Владата: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе
Игор Филков треба да биде разрешен од функцијата министер за правда, а на негово место е предложен Јетон Шасивари. Иван Стоилковиќ треба да го преземе Министерството за локална самоуправа, додека Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. За министри се предложени и Агон Ферати, Борче Серафимовски, Ѓоко Велковски, Седат Сулејмани и Ерџан Демир. Предлозите предвидуваат разрешување на Златко Перински, Цветан Трипуновски, Фатмир Лимани, Зоран Љутков и Шабан Салиу од нивните досегашни функции.
Новите министри треба да бидат избрани со мнозинство од вкупниот број пратеници.
