Вчеравечер UNIAN го цитираше соопштението на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана дека Русија беше обврзана да го затвори небото над Грозни, но не го стори тоа. Ембраер 190 на „Азербејџан ерлајнс“ беше погоден од противвоздушен ракетен комплекс Авионот бил оштетен од Русите и тие го пренасочиле кон Казахстан наместо да му наредат итно да слета во Грозни и да ги спаси животите на народот“.
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ е соборен од руска ракета?
Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ веројатно е соборен од руска ракета земја-воздух.Експертите кои ја анализираа снимката од остатоците велат дека трагите на опашката на авионот се слични на последиците од ударот на противвоздушните ракети. Водејќи се од оштетувањата на трупот на авионот укажува на експлозија на ракета од системот за противвоздушна одбрана во близина на леталото. Виделиво е дека експлозијата не се случила во внатрешноста на леталото.
Епилог
Во несреќата загинаа 38 лица, а 29 преживеаја.
Утрото се тврдеше дека авионот бил пренасочен од маршрутата кон Грозни поради магла и дека бил пренасочен кон Махачкала. После тоа, уште еднаш беше пренасочено – преку Каспиското Море, до Актау. Пред фаталната несреќа тој направил неколку кругови над аеродромот Актау, а потоа се обидел да слета, но слетувањето станало премногу тешко и авионот се урнал.
Plane which crashed in Kazakhstan suffered external damage, according to experts.
The pilots sent a distress call while Russian air defenses were responding to a Ukrainian drone attack.Kazakh deputy PM, asked whether the plane was shot down: “I dare not make premature statements” pic.twitter.com/oWvYjQ7nuF— Still the same Major (@Toxic_alien_0) December 25, 2024
Ќе се спроведе посебна истрага за околностите
„Се работи за авион на Азербејџан ерлајнс. Околностите околу несреќата се расчистуваат, ќе се спроведе посебна истрага“, се наведува и во официјалното соопштение, во кое се додава дека на местото на несреќата има речиси 150 спасувачки екипи и 11 единици.
„По нивното пристигнување било констатирано дека авионот гори и почнало гаснењето на пожарот. Информациите за жртвите се разјаснуваат, но се знае дека има преживеани“, известуваат од комитетот.