Бугарија, којашто има најмалку вакцинирани граѓани против коронавирусот во Европската унија, последните седмици забележа раст на заразите, главно со високо заразната делта варијанта на вирусот.
Само во четвртокот оваа земја со седум милионско население регистрираше 1.745 нови коронаинфекции, со што бројката активни зарази се зголеми во моментов на 32.192.
Од почетокот на пандемијата во Бугарија од Covid-19 починале 18.950 лица, а во четвртокот се забележани уште 54 смртни исходи со што земјата има најголема смртност во ЕУ, покажуваат податоци на интернет публикацијата Our World in Data на Универзитетот Оксфорд.
–Нема место за паника. Ситуацијата е сериозна, но не излегува од контрола. Нискиот процент на вакцинирани нѐ тера да ги воведеме овие мерки, изјави за новинарите привремениот министер за здравство Стојко Кацаров и апелираше неговите сонародници да се вакцинираат.
Според новите ограничувања, кои ќе бидат на сила до крајот на октомври, музичките фестивали ќе бидат забранети, а кината и театрите ќе мора да работат со 50 отсто од капацитетите.
На учениците ќе им биде дозволено физичко присуство на наставата кога училишната година ќе започне на 15-тисептември, рече Кацаров, но предупреди дека доколку бројот на новозаразените се зголемува можеби ќе мора