Нови правила за вештачката интелигенција стапија на сила во Европската Унија
ChatGPT и Gemini (Џемини), применија нови правила за вештачката интелигенција. Правилата, официјално стапија на сила низ цела Европска Унија. Овие правила за ВИ се дел од значајниот закон усвоен минатата година. Имаат за цел да ја зголемат транспарентноста и безбедноста во користењето на овие технологии. Програмерите сега мора да откријат како функционираат нивните модели и кои податоци ги користеле за нивна обука. На тој начин се обезбедува поголема доверба кај јавноста и заштита на авторските права.
Особено напредните модели, кои претставуваат потенцијален ризик за јавноста, ќе мора да ги документираат и безбедносните мерки што ги имаат преземено. Овие системи се користат за широк спектар на цели, како што се генерирање текст, анализа на јазик и пишување код, и се означуваат како вештачка интелигенција за општа намена.
Автоматско собирање податоци од веб-страници
Според новите правила, програмерите се обврзани да ги пријават изворите на податоците кои ги користеле за обука на моделите. Ова вклучува и дали користеле автоматско собирање податоци од веб-страници. Tие треба да наведат и кои мерки ги презеле за заштита на интелектуалната сопственост. Целта е да се избегне кршење на авторски права и да се обезбеди правична употреба.
Законот е делумно наменет за подобра заштита на авторските права, но и за обезбедување на поголема транспарентност во развојот и употребата на вештачката интелигенција. Оваа регулатива ќе влијае на сите креатори и корисници на ВИ системи, промовирајќи одговорен развој и употреба на технологијата.