Досега влезот беше дозволен само со вакцините Pfizer, AstraZeneca, Moderna и J&J, но владата на Велика Британија од 22 ноември ќе ја прошири листата на вакцини, па на истата ќе се најдат и Sinovac, Sinopharm и Covaxin.
За целосно вакцинираните лица не е потребен карантин.
За влез во Англија се неопходни резервиран и платен COVID-19 тест кој ќе биде направен вториот ден при влез во земјата, како и Passenger Locator Form.
По пристигнување во Англија потребно е да се направи претходно резервираното тестирање вториот ден или порано.
Доколку во земјата сака да влезе лице кое прележало COVID-19 или има примено само една доза, мора да ги почитува правилата за невакцинирани патници.
Невакцинираните патници може да влезат во земјата со негативен тест(не постар од 72 часа), да ги резервираат и платат тестовите кои ќе ги прават откако ќе влезат и да го пополнат PLF формуларот. Задолжителен е карантин кој трае 10 дена.