Пожарите на Крф и Родос повторно се разгореа, огнената стихија се доближи до населени места и затоа, превентивно се евакуирани две села, по едно на двата острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на селото Луцес во североисточниот дел на Крф, како и до сите оние кои се наоѓаат во планинското село Вати во североисточниот дел на Родос.

Во однос на пожарот на Евија, засега, се чини дека е значително подобрена ситуацијата и нема дополнителни разгорувања на актуелните жаришта.