Поради зголемен интерес на пензионерите, пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња“ е преселен во нови простории веднаш до Заводот за рехабилитација, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Ме радува што нашите пензионери пројавуваат се поголем интерес за дружба и социјализација преку играње шах, карти и пикадо или едноставно дискутираат и разменуваат мислења.
Ги поканувам пензионерите и од овој реон да го посетат клубот, остварат нови познанства и го разубават секојдневието, рече тој.

Пензионерскиот клуб ќе биде отворен секој работен ден од 10 до 14 часот.