Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги пуштија во функција новите портални семафори кои се поставени на крстосницата меѓу булеварот Босна и Херцегоцина и улицата Лазар Трповски. На порталните семафори деновиве ќе бидат поставени и бројчаници. Поставување светлосна сигнализација на оваа крстосница е со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ континуирано постапуваат согласно барањата на граѓаните за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.