Со одлука на директорите на СДСМ и ДУИ во Фондот за здравство долгогодишната новинарка која го покриваше ресорот здравство Менче Точи станала раководител на оддел за комуникации.
Одлуката врз основа на оглас објавен пред нова година е донесена на 21 јануари годинава.
Со одлуката Точи станала Раководител на одделение за комуникации и поддршка во Фондот за здравствено осигурување.
Точи работеше во згаснатата А1 ТВ и важеше за една од најдобрите новинарки за здравствени теми а неодамна беше меѓу новинарките кои беа критикувани за забавата пред Нова Година на која повеќе претставнички на медиумите без маски се сликаа со министерот за здравство Филипче.