После повеќе часа поминати во полициската станица Газибаба во Автокоманда, уредникот и основач на веб медиумот ПорталиХ Фуркан Салиу е пуштен на слобода, објави Телма
Салиу беше уапсен попладнево во Коњаре на натпреварот Коњаре-Куманово од трета фудбалска лига. При инцидент во кој учествувале повеќе жители на Арачиново, Салиу, според негово кажување прашувал зошто апсат едно нему познато лице, по што бил уапсен.
Полицијата пак соопшти дека Салиу бил уапсен поради напад врз полицајци кои учествувале во акција за враќање на јавен ред и мир. Потоа е направен претрес во автомобилот на Салиу и е пронајден пиштол.
Салиу ги негираше тврдењата за напад врз полицајци и соопшти дека пиштолот е негов за кој поседува одобрение.
По завршениот распит со приведениот, тој е пуштен од станица.