Бугарија доби нова влада: Росен Жељазков е новиот премиер

По долг политички застој, Бугарија конечно формира нова редовна влада, предводена од премиерот Росен Жељазков. Во неа ќе учествуваат и поранешни министри од техничката влада на Димитар Главчев.

Росен Жељазков е нов премиер на Бугарија: Кои партии се во владејачката коалиција?

Македонското прашање и ставот на Жељазков

Новиот премиер Росен Жељазков за првпат се огласи за „македонското прашање“ при средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Жељазков ја истакна поддршката на Бугарија за проширувањето на Европската Унија, но со строго почитување на принципот на исполнети обврски и сопствени заслуги, со што потврди дека Бугарија останува доследна на т.н. францускиот предлог. Таквиот предлог бара од македонските власти најпрво да ги стави Бугарите во Уставот, а отпосле да го започне „европскиот пат“.

Гаранции од ЕУ: Владата ќе бара решение за блокадите од Бугарија

Односите со Македонија: историски предизвици

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во минатото бурно реагираше на прашања поврзани со Македонија. Минатата есен предизвика контроверзии кога за време на посетата на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, не беше истакнато македонското знаме за време на нивната средба. Овој чекор наиде на критики од македонските медиуми и власта.

Очекувања од македонската влада

Македонската влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, очекува да започне нов дијалог со Софија. Целта е да се постигне договор за уставни измени со одложено дејство или друг вид на гаранции кои ќе го забрзаат европскиот пат на Македонија.

Останува да се види како ќе се развиваат односите меѓу двете соседни земји и дали ќе се најде заедничко решение за спорните прашања.