„Како што знаете јас сум назначен за вршител на должност на оваа функција веќе неколку дена. И поради тој факт јас ова финансиско работење што го имам и е пред вас не би можел да и не е чесно да го коментирам, се додека не се направи една ревизија која ја најавувам од оваа седница на Совет. И каде што ќе може да се види зошто и како се трошени овие финансиски средства“, истакна Јане Мицевски, директор на „Дрисла“ на денешната седница во Советот на Град Скопје.
Мицевски додаде дека она што тој може да вети пред Советот и пред граѓаните на Скопје е Јавното претпријатие депонијата „Дрисла“ ќе се вложи максимално да работи транспарентно пред се.
„Потребно е да се откажат сите непродуктивни расходи, да го вратиме сјајот во работењето како што било и во некои подобри времиња. Тоа е она што јас можам да го ветам“, нагласи Мицевски.
Мицевски посочи дека за сето она што претходно е тема на разговор денес најавува ревизија на финансиското работење.