На третиот ден од 89. Генерално собрание на Интерпол во Истанбул се одржа гласање за избор на нов претседател и членови на извршниот комитет на Интерпол.
Според резултатите од изборите, Ал Раиси ќе ја извршува функцијата претседател на Интерпол во следниот четиригодишен мандат, соопшти организацијата.
Извршниот комитет на Интерпол го надгледува спроведувањето на одлуките на Генералното собрание.
Извршниот комитет од 13 члена, вклучувајќи претседател, потпретседатели и делегати, ги претставува четирите региони на Интерпол.