Едно лице е застрелано во Клина, а косовската полиција трага по осомничен, 48-годишен маж. Полицијата соопшти дека по пукањето, пријавениот украл автомобил и заминал во правец на Ѓаковица, кој подоцна бил пронајден во општина Исток.
„Полицијата веднаш излегла на местото на настанот каде било констатирано дека едно лице е повредено од огнено оружје. Истото лице е испратено за лекарска помош во Клина, а потоа во подрачната болница во Пеќ, каде надлежен лекар констатирал смрт на жртвата“, се наведува во полицискиот извештај.
Пукањето се случило вчера.