Денеска во Основен кривичен суд Скопје, закажано е ново рочиште за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.
Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, кој се сомничи дека ги сториле убиствата со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, а меѓу обвинетите е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Случајот е во доказна постапка, и треба да продолжи со изведување на докази предложени од Обвинителството.
Случајот може да добие друг тек, откако сведокот Гоце Трајковски, минатата недела се пријавил во полиција. Трајковски заедно со таткото Ѓорчевски собирал и гледал видео снимки од околните згради. Тој беше недостапен за органите на прогонот поради тоа што беше осомничен за друго тешко дело, предизвикување на пожар.
На минатото рочиште беа изведувани видео записи од безбедносните камери, на кои беше видено дека три дена пред грабнувањето на Вања, цитроенот се појавил исто пред зградата каде живеело девојчето, а исто така беше ојавена рутата на возилата на денот на грабнувањето.
Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.