Ново видео кое се појави на Твитер вистински доловува колку всушност пожарот е близу некои поголеми објекти.
Претходно беше објавено дека и покрај пеколните температури во Гевгелија, пожарот во и околу депонијата на градот создава уште поголеми проблеми за жителите. Од здружението Спас за Гевгелија, побараа итни мерки од страна на надлежните за справување со овој проблем.