Рускиот претседател Владимир Путин во своето новогодишно обраќање до граѓаните истакна дека во 2023 година Русија ги бранела своите национални интереси, слобода и безбедност.
Во говорот кој траеше четири минути, Путин рече дека главната работа што го обединува неговиот народ е судбината на нивната татковина и разбирањето на историската фаза низ која поминува земјата.
Ние сме горди на вас, вие сте херои, ја чувствувате поддршката од целата нација, им порача Путин на руските војници на фронтот.
Тој нагласи дека Русија никогаш нема да се повлече и дека нема сила што може да го подели рускиот народ и да го спречи развојот на земјата.
Ние одлучуваме за судбината на Русија, ние сме едно големо семејство и ќе обезбедиме безбеден развој, заедно сме, рече Путин, посакувајќи им се најдобро на граѓаните и на семејствата.